За прв пат по 28 гоидни, во Премиерлигата се играше натпревар на ден пред Божиќ, мечот донесе радост за Вулверхемптон, и ново разочарување за Челси.
Лемина го отвори резултатот на стартот од вториот дел, а Доерти во 93. минута погоди за 2-0 по еден подaрок од одбраната на гостите. Нкунку во 96. минута само го ублажи поразот и ги постави конечните 2-1.
„Сините“ и покрај тоа што потрошија 1 милијарда фунти на засилувања во последните три преодни рока, продолжуваат да уриваат негативни рекорди.
Поразот на „Молињу“ беше четврти во низа на гостувањата во Премиеригата, што не им се случило од 2000 година.