Уште на самиот старт од мечот се случи студен туш на Стемфорд Бриџ откако Медисон постигна убав гол од далечина за водство на Лестер од 1-0.
Во 34. минута по асистенција од Рис Џејмс, Алонсо погоди со волеј за 1-1.
До крајот на мечот Челси имаше многу шанси за комплетен пресврт и победа, но сите тие останаа неискористени.
Челси имаше 20 шута, даде еден гол, а Лестер од два шута даде еден гол.
1-1 заврши и мечот меѓу Астон Вила и Барнли. Гостите водеа со гол на Барнс од пред крајот на првото полувреме, домаќините израмнија преку Буендиа на стартот од вториот дел.