Челси поведе рано, по игра со рака на Салиба беше досуден пенал за нив во 15. минута. Палмер реализираше за водство од 1-0.
По три минути игра во вториот дел Мудрик постигна интересен погодок за 2-0. Нејасно е дали Украинецот сакаше да шутира или да центрира, како и да е топката влезе во голот на Арсенал.
Челси не само што водеше со 2-0, туку и доминираше на теренот, Арсенал изгледаше немоќно, се чинеше дека ќе го загубат мечот.
Но, во 77. минута голманот Санчез им подари гол на Арсенал, додаде до Деклан Рајс кој постигна гол за 2-1.
Голот ја промени енергијата на теренот и во 84. минута Тросар изедначи на 2-2.
До крајот Арсенал бркаше и комплетен пресврт, но не успеа да дојде до трите бода.