недела, 19 мај 2024

Челси му даде шест гола на Евертон, четири од нив беа дело на Палмер (ВИДЕО)

Кол Палмер имаше неверојатно издание, уште еднаш беше најзаслужен за освоени бодови на Челси, овојпат сините со убедливи 6-0 го совладаа Евертон.

Објавено на

часот

Сподели

Палмер даде четири голови и дојде до бројката од 20 погодоци оваа сезона во Премиерлигата со што се изедначи со Халанд на врвот на листата на стрелци.

Напаѓачот на Челси од 13. до 29. минута даде хет-трик, Челси за помалку од половина час водеше со 3-0.

Во финишот од првиот дел гол даде и Џексон. Со водство на Челси од 4-0 се замина на одморот.

Течеше 64. минута кога Палмер даде уште еден гол, овојпат со удар од белата точка.

Конечните 6-0 ги постави младиот дефанзивец Алфи Гилкрист во 90. минута, само две минути откако влезе во игра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ