Откако Тод Боли и неговите соработници станаа газди на клубот од Стемфорд Бриџ, потрошија пари како никој претходно, и во период од година дена, инвестираа над 1 милијарда фунти во нови играчи.
Но тие немаат намера да сопрат, како што пренесува Сан, Челси од американски институции ќе позајми 500 милиони фунти за да продолжи да троши на засилувања.
Се верува дека приоритет ќе биде ангажман на нов голгетер, и тоа веќе во јануари и нема да се штеди.
Како што пишува Гардијан, во бележникот се две имиња, Виктор Осимен од Наполи и Ајван Тони од Брентфорд.