Челси ги искористи киксовите на Арсенал и Ливерпул, па со победата на Брентфорд од топчиите се одалечи, а до црвените се приближи. Сега има само два бода зад Ливерпул, но тимот од Енфилд има и меч помалку.
Резултатот на Стемфорд Бриџ го отвори Кукуреља со глава во финишот од првото полувреме.
Во 80. минута Џексон зголеми на 2-0. Десет минути подоцна Мбеумо даде гол за 2-1 и интересен финиш на мечот, но тоа беше се што направија гостите.
Тотнем го растури Саутемптон со 5-0, сите голови беа постигнати во првото полувреме.
Серијата ја отвори и ја затвори Медисон, а во меѓувреме голови дадоа и Сон, Кулушевски и Сар.