Лукаку има одличен старт на сезоната во Рома, веќе постигна седум голови. Напаѓачот брзо се вклопи во римскиот тим и стана клучен играч.
Рома доколку сака да потпише перманентен договор со него ќе треба да го сруши клупскиот рекорд, но не за многу.
Тие најмногу имаат платено за Патрик Шик, 42 милиони евра, втор е Тами Абрахам кого го купија за 41 милион евра. Лукаку би бил нешто помалку од 43 милиони евра.
Но, интерес за Лукаку сигурно ќе има и од други клубови, Рома нема да биде сама во трката по неговиот потпис.
Дали Лукаку ќе сака да продолжи во Рома ќе зависи од повеќе фактори како што се пласман во Лигата на шампионите, останување на Жозе Мурињо, создавање на конкурентен тим…