недела, 19 мај 2024

Челси ја наполни мрежата на Вест Хем (ВИДЕО)

Челси ја одигра една од најдобрите партии оваа сезона, сините го совладаа градскиот ривал Вест Хем со 5-0, Брајтон со 1-0 ја победи Астон Вила.

Објавено на

часот

Сподели

По триумфот над Тотнем од 2-0, Челси врза две победи по ред, овојпат го уништи тимот на Вест Хем.

Победата ја најави Кол Палмер во 15. минута, по исто толку минути гол даде и Галагер за водство од 2-0.

Во 36. минута погоди и Мадуеке за 3-0, тоа беше резултатот од првото полувреме, а головите продолжија во вториот дел.

Џексон беше двоен стрелец во второто полувреме, најпрво во 48. минута, а потоа и во 81. минута за конечни 5-0.

Брајтон со гол на Жоао Педро во финишот од натпреварот ја победи Астон Вила со 1-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ