сабота, 19 октомври 2024

Челси го потврди трансферот на Жоао Феликс

Челси го комплетираше трансферот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, овојпат португалскиот фудбалер во Лондон пристигнува на перманентен трансфер.

Објавено на

часот

Сподели

Феликс претходно помина една полусезона во Челси на позајмица, а сега ќе остане во синиот клуб многу подолго.

„Челси со задоволство може да го потврди перманентниот потпис со Жоао Феликс од Атлетико Мадрид“, стои во соопштението на англискиот клуб.

Португалецот вели дека е среќен што се враќа во Челси.

„Навистина сум среќен што се вратив во Челси и не можам да дочекам да почнам со работа. Гледам некои познати лица од претходниот пат кога бев и секогаш е убаво кога ќе видите такви луѓе. Ми се допадна времето поминато тука претходно и им кажав на семејството и на пријателите дека еден ден сакам да се вратам во Премиерлигата. Возбуден сум што тоа се случи“, рече Феликс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ