понеделник, 17 јуни 2024

Челси го објави првото засилување за летниот преоден рок

Челси го потврди Тосин Адарабијо како прво засилување за новата сезона, тој доаѓа од Фулам како слободен играч.

Објавено на

часот

Сподели

Дефанзивецот одби неколку понуди за продолжување на соработката со Фулам и реши да се пресели во Челси.

„Челси е огромен клуб и ова е исполнување на мојот сон за мене. Јас сум роден на три милји од Стемфорд Бирџ и го направив моето професионално деби тука. Многу сум возбуден што ќе можам да му помогнам на клубот. Тука сум во Челси за да победувам, сакам да освојувам. Пред да одлучам, зборував со Стерлинг и Палмер кој имаа само позитивни работи за клубот и проектот“, рече Адарабијо.

За Адарабијо интерес имаше и од Њукасл и Манчестер јунајтед, но тој го одбра Челси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ