„Дејли Мејл“ пишува дека во Челси се загрижени дека доколку му дадат отказ на Покетино, со отштетата која треба да му ја исплатат би можеле да ги прекршат правилата за трошење во Премиерлигата и да се соочат со казна.
Челси потроши многу во изминатите преодни рокови, а клубот веќе не игра во Лигата на шампионите, па нема приходи да ги покрие инвестициите.
Имаше пишувања дека до јуни треба да продадат играчи во износ од 100 милиони фунти за да го запазат Финансискиот фер плеј.
Отказ на Покетино со неминовната исплата на отштетата која ќе му следува ќе биде само дополнително оптеретување на трошоците и може да го стави клубот во проблем.
Решение можеби е отказ на тренерот и продажба на фудбалери со кои ќе се покрие финансискиот минус.