понеделник, 28 октомври 2024
Првиот човек на УЕФА порача дека фудбалот не е на продажба

Чеферин: За фудбалски бајки како Лестер, Аталанта и Жирона ќе нема место во Суперлига

Првиот човек на УЕФА, Александер Чефирин ја прокоментира одлуката на судот во Луксембург со која се дозволи формирање на Суперлига, вели дека во вакво натпреварување ќе нема место за фудбалски бајки како Лестер, Аталанта, Жирона и многу други клубови.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Марид и Барселона, кои останаа зад проектот Суперлига, издвојуваа важна победа во битката со УЕФА, Европскиот суд на правдата пресуди во нивна корист и ја отвори вратата за формирање на Суперлига.

Па ова денеска е топ тема во светот на фудбалот, реакции пристигнуваат од сите страни.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин порача дека фудбалот не е на продажба, и додава дека во Суперлигата ќе нема место за фудбалски бајки како Лестер, Аталанта, Жирона и многу други.

„Ја гледав т.н. презентација на А22, тешко ми е да кажам дали треба да се восхитувам или да бидам шокиран од шоуто. Ова ќе биде позатворено и од проектот кој во 2021 беше понуден и одбиен од сите“ – вели Александер Чеферин.

„Фудбалот не е на продажба“.

„Спортскиот модел мора да остане главен критериум, наместо наградувани да бидат најдобрите 14 клубови во Европа. Правилата во Лигата на шампионите се јасни, оние што заслужиле ќе бидат наградени“.

„Ќе нема место за убави бајки како Лестер, Аталанта или сега Жирона, тие евентуално би се нашле во третото по ранг натпреварување (Сина лига).

„Никогаш не сме се обиделе да го сопреме проектот, можат да прават што сакаат. Се надевам дека нивното фантастично натпреварување ќе почне што е можно поскоро, со само два клуба“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ