сабота, 27 јули 2024
Испрати порака до оние кои заговараат Суперлига

Чеферин најави дека нема да се кандидира за нов мандат и порача: Спасителите ви копаат гробови

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин најави дека нема да се кандидира за нов мандат и испрати порака до оние кои заговараат Суперлига.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период често имаше гласини дека ќе се менува статутот на УЕФА за Александар Чеферин да добие нов мандат, но Словенецот денеска соопшти дека донел одлука и ќе се повлече во 2027 година.

„Пресеков уште пред шест месеци. На организацијата и треба свежа крв, промени. Разговарав со семејството и пријателите и донесов одлука, нема да продолжам по 2027 година“ – рече Александар Чеферин на денешниот конгрес на УЕФА.

Тој имаше и коментари за Флорентино Перез, Жоан Лапорта и другите кои заговараат Суперлига.

„Има луѓе кои се обидуваат да погазат 70 години историја. Сакаат да го променат европскиот модел, и покрај тоа што е успешен. Се презентираат како спасители, а всушност тие ви копаат гробови. Се презентираат како жртви, а всушност тие се предатори. Мешаат монопол со обединетост. Зборуваат за слободни пазари, а прават свој затворен круг од кој би профитирале само тие. Сакаат само повеќе пари, капитал, моќ и престиж“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ