„Во врска со С-400, имаше неколку предлози од САД. Ни кажаа да ја предадеме контролата. Тој предлог навлегува во нашата независност. Каде е тогаш нашата независност?“, кажа Чавушоглу во интервју за Хабертурк.
Според него, Анкара во повеќе наврати добивала разни предлози од САД во врска со С-400 и дека „да е покорна, немаше да ги има проблемите во Вашингтон кои ги има сега“.
„Дури ни предложија да ги испратиме во Украина, а ние кажавме дека тоа не може“, кажа Чавушоглу.
Русија и Турција во 2017 година го потпишаа првиот договор за комплексот С-400, вреден 2,5 милијарди долари, со можност за купување уште еден комплекс.
Испораките на првиот комплекс завршија во 2019 година, а во 2022 директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија Дмитриј угаев кажа дека е потпишан и дека почнал да се спроведува договор за набавка на втор комплекс С-400.
Чавушоглу истакна дека соопштенија на турската опозиција за тоа дека е неопходно да се приклучат на санкциите против Русија носат ризик за турската економија и енергетика.
Тој претходно на конференција за медиумите со американскиот колега Ентони Блинкен изјави дека Анкара не се приклучува на едностраните санкции против Русија, но дека не дозволува тие да се заобиколат.