сабота, 19 октомври 2024
Претчувствувал ваков развој на настаните

Чави за одлуката на Меси да не се врати во Барса: Нешто се промени во последниве денови…

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период често имаше гласини за враќање на Лео Меси во Барселона, но Аргентинецот на крајот се реши за преселба во Интер Мајами.

Во разговор со новинарот Жерард Ромеро, Чави вели дека претчувствувал ваков развој на настаните.

„Забележав дека нешто се промени кај него последниве денови, повеќе не гледаше толку јасно за враќање во Барселона. Мораме да го почитуваме неговиот избор, повеќе не сака да биде толку многу во центарот на вниманието. Не е лесно да се биде Меси, мора во се да биде перфектен, никогаш нема раат“ – вели тренерот на Барса.

Запрашан дали тој чувствува вина што ги подгреал надежите кај навивачите, Чави вели: „Надежите беа подгреани бидејќи во многу наврати разговарав со него“.

„Но понекогаш коцките не се поклопуваат, самиот објасни зошто се решил на преселба во САД“.

„Сака пониско ниво на притисок, и ако се врати тука од него ќе се бара 10 од 10“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ