понеделник, 27 мај 2024

Чави: Останувам, во Барселона имам незавршена работа

Чави и следната сезона ќе ја води Барселона, Лапорта успеа да го убеди да остане, тие двајца денеска се појавија и на прес-конференција на која зборуваат на оваа тема.

Објавено на

часот

Сподели

Чави ќе го испочитува договорот со Барселона и во следната сезона ќе го води тимот.

„Се предомислив бидејќи чувствував комплетна доверба од претседателот, од бордот и од фудбалерите. Овој проект уште не е завршен“, вели Чави.

„Јас, мојот стручен штаб, сите заедно чувствуваме дека имаме сила за да правиме важни работи заедно и да го продолжиме овој проект“.

Се појавија гласини дека за да си оди си ја барал платата и за следната година, но тој децидно го демантираше тоа.

„Шпекулациите дека останувам бидејќи сум сакал да ги добијам парите од последната година од договорот се лажни, измислени за да ми наштетат. Претседателот знае дека доколку заминев од клубот, немаше да побарам ни едно единствено евро од Барселона за мојата последна година од договорот“.

Лапорта е среќен што Чави останува на клупата на Барселона.

„Чави со задоволство прифати да остане и да го продолжиме проектот заедно. Возбудени сме. Ова се одлични вести за Барселона. Стабилноста е клучна за успешен проект. Чави е вистински Барселониста. Одамна не сум ги видел нашите фанови повозбудени отколку сега. Сите заедно сме со Чави“, изјави Лапорта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ