Реал Мадрид ја доби „Ел Класико“ пресметката против Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.
Чави ја погреши тактиката, реши да ја постави одбраната високо, па „кралевите“ имаа водство од 2-0 по само десетина минути игра.
Прво Винисиус Жуниор доби одлична топка во фор, го помина голманот и ја затресе празната мрежа за 1-0, за потоа Родриго да избегне офсајд стапица и несебично да го проигра Винисиус за 2-0.
Левандовски со убав гол од врвот на шеснаесетникот намали на 2-1 во 33. минута, но Реал Мадрид брзо се врати на два гола предност, Винисиус погоди од белата точка во 39. минута за хет-трик и 3-1.
Кунде лошо расчисти една додавање во 64. минута и му овозможи на Родриго да реализира за 4-1, а кратко потоа Араухо заработи втор жолт картон и исклучување, и тука беа решени сите дилеми околу победникот.