недела, 20 октомври 2024
Дисциплинската комисија им изрече суспензија

Чави и Рафиња ги дознаа казните за црвените картони против Хетафе

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот на Барселона, Чави и напаѓачот Рафиња ќе паузираат по два натпревари, за ваква казна се реши дисциплинската комисија.

Рафиња беше исклучен против Хетафе откако со лакт удри противнички фудбалер на крајот од првото полувреме, додека пак Чави беше испратен во соблекувална на средината од вториот дел поради серија протести на адреса на судиите.

Тие сега нема да бидат во комбинација за натпреварот на Барса против Кадиз на „Монжуик“ и гостувањето кај Виљарел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ