сабота, 27 јули 2024

Часовник со душа

Објавено на

часот

Сподели

Познат како долгогодишен произведувач  на луксузни пенкала, но и на накит, „Мон Блан“ го изненади светот кога пред 15 години започна да произведува фини швајцарски часовници. Никој не можеше ни да замисли дека часовниците на „Мон Блан“ ќе станат симбол на елеганцијата, како и потајна страст на љубителите на вистинскиот часовник. Челик, злато и платина блескаат од излозите на убаво средените бутици на „Мон Блан“. Најбараната колекција се вика „Тајмвокер“ и е комбинација на традиционалната швајцарска обработка и модерната естетика. Тоа се часовници со необично голема димензија и арaпски бројки.

Цената не ги вознемирува вистинските познавачи на добриот часовник

Најсонуван часовник на годината

Но сепак, последниот модел на часовник лансиран од оваа компанија е нешто што остава без здив. Се вика „виларе”, а е создаден и наменет за купувачите со најдлабок џеб, поточно за оние купувачи што не ја гледаат цената кога за себе сакаат убав моден детаљ.
„Виларе” има целосна рачна обработка, па секој посебен часовник е уметничко дело. Затоа едицијата е лимитирана, а часовниците се или во бела или во црвена боја со жолто злато. Исклучително ретки примероци се оние во комбинација со платина.

Целосна рачна обработка и проѕирна заднина

Средствата ја оправдуваат целта
Да се поседува часовник „виларe” значи да се поседува уникатен детаљ – имот што се пренесува од генерација на генерација. Цената на овие часовници се движи од 30 илјади евра, па сѐ до вртоглави 90.000 евра.
Но челните луѓе на оваа компанија имаат објаснување и за тоа. Велат, на часовниците „виларе” не може да им се одреди цената, зашто тие имаат душа!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ