сабота, 19 октомври 2024

Часовници Ролекс, чанти и облека од познати брендови, девизи и штеки цигари заплени царината

Царината изминативе денови заплени 186 штеки цигари купени од грчкиот фри-шоп, но и се пофали дека се запленети и вредни производи од познати брендови, меѓу кои и скапи часовници Ролекс.

Објавено на

часот

Сподели

„Спречена е нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти Луи Витон, Армани, Гучи и часовници Ролекс. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост.

На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри–шоп.  Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари“, соопшти Царинската управа.

Од управата велат дека е спречен и обид за нелегален изнес на 18.450 евра и на 7.000 долари кои македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце.

„Попрецизно, на лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и 7.000 долари, согласно закон, му се вратени 2.000 евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок“, додаваат од Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ