сабота, 27 јули 2024

Чарли Шин повеќе не е луд

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави: „Повеќе не сум луд. Тоа беше епизода. Сега сум поинаква личност од таа што бев вчера. Да кажеме дека имам позрели планови за иднината“.
За време на периодот на бизарно однесување, Чарли се истакна со прекумерно употребување на фразите „тигрова крв“ и „победа“, но сега му е чудно кога луѓето на улица му ги извикуваат овие фрази.
„Многу ми е чудно кога некој ќе ми пријде во супермаркет и ќе ми викне „Победа!“, вели тој.
Чарли ќе го гледаме во неговата нова ТВ-серија „Скротување на бесот“, во која глуми психијатар, и вели дека веќе ја има истражено улогата бидејќи поминал слична терапија во минатото.
„Поминав цела година во справување со бесот, што значи темата ја имам темелно истражено“, вели тој.
Актерот се согласил да ја снима „Скротување на бесот“ поради тоа што сакал среќен крај на својата ТВ-кариера, по заминувањето од „Два и пол мажи“.
Тој изјави: „Едноставно не сакав ‘Два и пол мажи’ да биде мојата телевизиска оставнина. Сакав да снимам нешто што ќе заврши поубаво“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ