четврток, 26 декември 2024

Чамец со мигранти потона во Ла Манш

Едно лице загина, а друго е тешко повредено кога синоќа потона чамец со мигранти кои се обиделе да го преминат Ла Манш, соопшти утринава француската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Од морето се спасени 66 лица.

Регионалниот поморски оперативен центар околу полноќ бил информиран дека чамец со околу 60 мигранти има потешкотии на помалку од осум километри од брегот, во близина на Гравлин.

Спасувачкиот брод на лице место пронашол луѓе во водата и делумно издуван чамец.

Потрагата во тој реон продолжува утрово и од воздух.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен претпладне треба да пристигне во Кале, каде ќе се сретне со полицајците ангажирани во борбата против илегалната имиграција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ