Постојат различни придобивки од чајот направен од ова растение, една од нив е ослободување од стрес, несоница, нервоза и анксиозност. Неговиот вкус и мирис потсетуваат на лимон, а во традиционалната медицина се користи и за разни тегоби, од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и за зачувување на здравјето на срцето.
Чајот од маточина е корисен за киселина во желудникот, гасови, варење, мачнина, богат е со антиоксиданти, па позитивно влијае на процесот на детоксикација. Истражувањата покажуваат дека маточината е водечка билка за смирувачки, мирен и квалитетен сон, а многумина ја нарекуваат билка за „емоционално исцелување“.
Една супена лажица сушени листови маточина прелијте со 200 милилитри зовриена вода. Покријте ја шолјата и оставете го чајот да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот и уживајте во напитокот.
Маточината има убав вкус, па веруваме дека ќе им се допадне на сите. Ако сакате послатка варијанта на чај, додадете една лажичка мед. Важно е никогаш да не ја варите маточината, туку само да го преливате растението со врела вода и така ќе добиете здрав напиток.
Покрај тоа што е прва помош кога станува збор за несоница, маточината ги отстранува и следните заболувања: мигрена, забоболка, болести на увото, болки во стомакот.