сабота, 27 јули 2024

Чадат трупци, дождот го изгасна пожарот во велешко

Центарот за управување со кризи информира дека утрово по 10 часот дождот го изганса пожарот во велешко што гореше од вчера попладнето и беше видлив од Велес.

Фото: Вибер - ЦУК (Архива)

Објавено на

часот

Сподели

„Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10.10 часот од ЈП Национални шуми – подружница Бабуна од Велес известија за пожарот над селото Мелница, кај месноста Ливаѓе, што гореше од 15..40 часот вчера, дека уште мал дел од опожарените трупци чадат, но дека заради дождот што во моментов врне, истите ќе се изгаснат во целост“, се вели во соопштението на ЦУК.

Инаку, за денеска се очекуваше пожарот да биде изгаснат со интервенција од воздух поради непристапноста на теренот. И навистина, од воздух е изгаснат пожарот, но со интервенција на дождот.

Како што претходно информираа од ЦУК, во последното деноноќие гореле 39 пожари во сите делови од Македонија, а утрово активен бил само пожарот во велешкиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ