петок, 26 јули 2024

Чаби Алонсо е поблиску до Баерн Минхен отколку до Ливерпул

Според „Скај Спорт Германија“, Чаби Алонсо доколку го напушти Баер Леверкузен ова лето, ќе се пресели во Баерн Минхен, а не во Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

Чаби Алонсо прави чуда со Леверкузен, фармацевтите досега немаат пораз оваа сезона. Во трка за шпанскиот стратег се Ливерпул и Баерн Минхен кои ќе имаат нови тренери во идната сезона.

Алонсо како фудбалер го носеше дресот и на двата клуба, па Ливерпул и Баерн Минхен тука се еднакви.

Шпанецот веќе имал првични разговори со Баерн Минхен, германските медиуми веруваат дека тоа ќе биде неговиот избор ако го напушти Леверкузен.

Една од причините е што во Бундеслигата полесно би ја продолжил доминацијата отколку во Премиерлигата каде конкуренцијата е многу посилна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ