четврток, 20 март 2025

Центри за изгореници од Холандија нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Македонија, изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис НОС (NOS).

Објавено на

часот

Сподели

„Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во Холандија на лекување, изјави портпаролот, пренесува НЛ Тајмс.

„Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија“, појасни претставникот.

„Дополнително, во тек се разговори за можноста холандски лекари и медицински сестри да отпатуваат во Македонија за да помогнат“, изјави Пол ван Зујлен, пластичен хирург и директор на центарот за изгореници во Бевервајк, за РТЛ Ниеувс (RTL Nieuws). Според него, сè уште нема многу информации за состојбата на жртвите, но очекува сериозни повреди.

„Фактот дека веќе има речиси 60 загинати зборува доволно. Ова морало да има огромно влијание и врз останатите повредени“, потенцира хирургот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ