сабота, 27 јули 2024

Центарот за обука во Идризово ќе стане пункт за издавање лични документи, најави Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека в среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамки на Центарот за обука во Идризово.

Објавено на

часот

Сподели

„В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена, бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе“, изјави Тошковски за Слободен печат.

Тошковски информира дека имаат обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај, но, најголем проблем, како што рече, е печатењето лични документи.

Тој изјави дека веќе не се печатат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.

„Обрасци, најверојатно ќе има до 8 мај, до изборите или до првата недела од мај. Но, не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката“, рече Тошковски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ