недела, 20 октомври 2024

Центар за македонски јазик во Грција: Не се откажуваме и ќе продолжиме со нашите борби како и досега

Судења, пресуди, жалби, борби, клевети… и сето тоа за признавање и употреба на јазик, во земја на Европската Унија, во 21 век. Неверојатни, трагични работи, се вели во реакцијата на Центарот за македонски јазик во Грција по пресудата на Апелацискот суд од Кожани за поништување на регистрацијата на овој Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Најпрво Основниот суд во Лерин ја дозволи регистрацијата на Центарот за македонски јазик, но Апелацискиот суд не го доволи тоа и „се занимаваше со целесообразност, а не со легитимитетот на Центарот… односно бркаше духови“, се вели во реакцијата.

„Нека биде… Навикнати сме на ваков вид ‘демократија’ и ‘еднаков’ третман како грчки граѓани… Не се откажуваме и ќе продолжиме со нашите борби како и досега. На ред е Врховниот суд, а по потреба и Европскиот суд. Со достоинство, со почитување на законите на државата, со трпение и истрајност. Ние се бориме за нашите права, за нашите основни човекови права, за нашето достоинство.

И тоа сами. Со безброј пречки од власта и од ‘длабоката држава’, секогаш како ‘предавници, агенти…’ успевaме да постоиме и ќе постоиме. Ние постоиме.

Неодамна премиерот на една соседна земја изјави дека има намера да ни помогне во правните битки кои следат. Фала, но не! Ние не сме ничии пиони. Помош ни треба од демократите Грци, од граѓаните на Грција за вистинска правда, за вистински европски систем. Никогаш не сме прифатиле помош од други земји и тоа нема да го сториме ниту сега. Горе главата! Борбата продолжува“, се вели во реакцијата на Центарот за македонски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ