сабота, 11 јануари 2025

Цените на нафтата растат поради американските санкции кон Русија: Трговците се подготвуваат за прекин на снабдувањето

Цените на нафтата денеска се зголемија за речиси 3 отсто до највисокото ниво во последните три месеци, додека трговците се подготвуваат за прекини во снабдувањето поради најширокиот пакет американски санкции насочени кон приходите од руската нафта и гас, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Администрацијата на претседателот Џо Бајден воведе нови санкции за руските производители на нафта, танкери, посредници, трговци и пристаништа, со цел да ја погодат секоја фаза во рускиот синџир за производство и дистрибуција на нафта.

На берзата фјучерсите на суровата нафта „брент“ скокнаа на 79,76 долари за барел, што е раст од 2,84 долари или 3,7 отсто, додека фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедит“ пораснаа за 2,65 долари, или 3,6 отсто, на 76,57 долари за барел, што е највисоко ниво во последните три месеци.

Извори од компании кои тргуваат со руска нафта и индиски рафинери изјавија за Ројтерс дека санкциите сериозно ќе го нарушат извозот на руска нафта до нејзините главни купувачи – Индија и Кина.

„Индија и Кина во моментов се обидуваат да најдат алтернативи“, рече Анас Алхаџи, менаџер за управување во Енерџи Оутлук Адвајзорс, во видео објавено на платформата за социјалните медиуми Икс, додека аналитичарот на УБС, Џовани Стауново рече дека овие санкции ќе го намалат обемот на извозот на руската нафта и ќе го поскапат.

Санкциите се воведени само десет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и ми се чини дека ќе ги задржи и ќе ги користи како адут во преговорите за мировниот договор меѓу Русија и Украина, изјави Стауново.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ