сабота, 27 јули 2024

Цените на мало во април се зголемија за 1,1 отсто

Цените на мало во април, во однос на март, се зголемени за 1,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика, наведувајќи дека инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на животот за еден месец, изнесува 0,7 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ