сабота, 21 декември 2024

Цената за откуп на ајдарет ќе биде до18 денари, за другите сорти јаболка до 22 денари, соопшти МЗШВ

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку соопштение, вечерва информираат дека и денеска се разговарало за пласманот на јаболкото од оваа реколта.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Цветан Трипуновски во писмена изјава по средбата со откупувачи на јаболка во Ресен, наведува дека денеска имале втора средба во рок од 10 дена.

„Откупувачите ги соопштија цените и тие веќе од понеделник треба да бидат истакнати на секое откупно место. И она што јас можам да го ветам према земјоделците, е, дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине сѐ согласно законите и процедурите и она што сме го договориле“, истакнува министерот.

Трипуновски додава дека ќе се следи состојбата и секоја тенденција за зголемување, согласно потребите на пазарот, ќе има и корекција на самата цена.

„Овојпат за првпат како Министерство покажавме како на заедничка маса помеѓу откупувачите и земјоделците можеме да извлечеме некои цени, што, се надевам, дека ќе бидат прифатливи од двете страни“, додава тој.

Тој посочува дека во наредниот период, Министерството останува отворено за да се разговара за сите програми и сите поддршки што треба да ги дава, како и за измена на законите и процедурите што ќе значат „дефинирање на одредени слабости што низ годините се случувале во текот на откупот“.

Според еден од откупувачите, како што се додава во соопштението, на денешната средба се дошло до решение оваа сезона да започне со минимална цена со што јаболкото од прва класа ајдарет да биде до 18 денари со тенденција на пораст. Сортите да бидат со минимални цени од 20 до 22 денари. Но, сепак, се додава во соопштението, сѐ ќе зависи од сортата на јаболка.

„Доколку имаме добри земјоделци, ќе имаме и добри фирми понатака. Откупната цена на индустриското јаболко ќе започнува со цена од 8 денари со тенденција од побарувачката и таа цена да расте кон повисока цена“, се цитира откупувач во соопштението на МЗШВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ