Во постот на социјалната мрежа Икс министерството порача дека дефект на електроцентралата Антонио Гуитерас предизвикал „целосно исклучување на националниот електричен систем“. Во Хавана возачите денес се обидувале да се движат низ градот во кој не работело уличното осветлување, а полицајци го насочувале сообраќајот. Генераторите се луксуз за повеќето Кубанци, а само неколку се слушале дека работат во градот.
Оваа недела кубанската влада, која се соочува со сè поголема немаштија во снабдувањето со енергија, повика на драконски мерки за заштеда на енергијата, вклучувајќи повици до многу работници да останат дома.
Наставата во училиштата е откажана, наредено е затворање на ноќните клубови и рекреациски центри, а само „неопходните работници“ треба да се појават на работните места, според листата не мерки за заштеда на струја која претходно денес ја објавија државните медиуми.
Милиони луѓе на островот кој е под повеќедецениски американски санкции останаа без струја во последните неколку дена бидејќи застарената кубанска електрична мрежа постојано паѓа.
Покрај американските економски санкции, фактори за многу лошата состојба на инфраструктурата на карипскиот остров се и нарушувањата предизвикани од неодамнешните урагани.
⚡BREAKING: Cuba national electrical grid shut down on Friday after one of the island’s major power plants failed, Cuba’s energy ministry said, plunging the entire country into a blackout pic.twitter.com/omNIYl9jiQ
— CoastLand 24 (@CoastLandForce) October 18, 2024
Кубанскиот премиер Мануел Мареро Криз кажа дека голем дел од ограниченото производство во земјата е прекинат за да се избегне луѓето целосно да останат без струја.
„Ја парализиравме економската активност за да произведеме струја за населението, кажа тој, додавајќи дека недостигот од гориво оставил голем дел од Куба во мрак, но дека во следните денови ситуацијата ќе се подобри. „Не сме во бескраен понор“, истакна тој.