сабота, 27 јули 2024

Цариниците во панталоните на патник пронајдоа над еден килограм злато

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари, информираат од Царината.

Објавено на

часот

Сподели

 

„Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Спакувано било во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 белегзии. Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ