„Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал“, истакнал Николовски.
Двете страни се согласија дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката сѐ со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.