сабота, 27 јули 2024
Во Собранието на Македонија

Бурна комисиска седница за избор на член на ДИК, Абдуш Демири ја напушти Беса за да се кандидира

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања која започна претпладнево беше прекината по бурни и бучни расправии и откако претседателката на комисијата Марија Георгиевска рече дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партијата Беса. Бурно реагираше пратеникот Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно покажувајќи нотарски заверена изјава од Демири дека повеќе нема функции и дека повеќе не е член на партија.

Објавено на

часот

Сподели

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија и дека е тоа законски потег кој мора да се прифати.

Георгиевска рече дека пред себе ја има доставената биографија во која самиот Демири напишал дека е генерален секретар на партија.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побара пауза со цел до претседателката да се достави нотарска изјава со која ќе се докаже дека кандидатот имал дадено отказ од функцијата.

Фадил Зендели во изјава за медиумите по објавената пауза оцени дека целта на власта е манипулација со изборниот процес.

„Демири дава нотарски заверена изјава дека не е член на која било политичка партија, односно ниту на орган на политичка партија. Ова го има претседателката на комисијата, ова е согласно условите кои треба кандидатот да ги исполнува. Како може потоа да излегуваат во јавноста и да кажуваат дека е член на политичка партија, ова е скандалозно“, изјави Зендели.

Тој додаде дека нотарската изјава на Демири дека не е член на политичка партија била доставена со сите останати документи и дека во случај ако документацијата му била нецелосна ќе бил информиран од Архивата.

„Законска обврска е кандидатите да бидат известени доколку има нецелосни документи и дали има некој документ што не достасува, но не се работи за тоа. Оваа нотарска изјава ја имале од моментот на апликацијата, зошто во спротивно Демири би правел нотарска изјава, ја направил затоа што е законска обврска“, нагласи Зендели.

Тој и ги покажа документите што ги доставил Демири, oдносно и нотарската изјава заверена пред неколку денови..

bv

Според Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за манипулација од владејачките партии со цел албанската опозиција да нема претставник во ДИК, а „дружината од ДУИ на Артан Груби на изборите да полни кутии“.

За член на Државната изборна комисија пријавени се и кандидатите Беат Даути, Роберт Трајковски и Зулфи Адили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ