сабота, 27 јули 2024

Бури и торнада во САД, над 20 мртви, 300 илјади без струја (ВИДЕО)

Речиси 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни бури со грмотевици.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во разорните бури изминатиот викенд загинаа 23 лица, а синоптичарите велат дека се можни нови придружени со силни ветрови, град и поројни поплави.

Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба.

Поради невремето загинаа неколку лица. Осум од нив во Арканзас, седум во Тексас, двајца во Оклахома и пет во Кентаки. Две деца загинаа во Тексас. Една постара жена во Алабама загинала откако дрво паднало врз нејзината куќа, а фармер и неговите 34 крави биле убиени од гром во Колорадо.

Националната метеоролошка служба исто така прогнозира дека во вторник над Тексас може да се развијат бури со силни грмотевици, со налети на ветер кои би можеле да достигнат брзина од 120 километри на час.

Жештините продолжуваат на југот од земјата, при што се очекуваат рекордно високи температури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ