сабота, 27 јули 2024

Бунтовниците Хути заробиле персонал на ОН во Јемен

Јеменските бунтовници Хути кои војуваат против власта во Јемен, заробиле група вработени на агенции на Обединетите нации, соопштија денес властите, а Обединетите нации одбија да коментираат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јеменската организација за човекови права Мајун „најостро ја осуди таа опасна ескалација, кршењето на имунитетот на вработените во ОН“ и оцени дека „репресивната, тоталитарна, уценувачка пракса служи за стекнување политичка и економска корист“.

Таа организација тврди дека низ Јемен се грабнати и други хуманитарци, но тоа не е потврдено.

Граѓанската војна во Јемен почна пред повеќе од една деценија кога бунтовниците Хути го заземаа главниот град и од тогаш се борат против владината коалиција која ја помага Саудиска Арабија. Во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа против чие движење војува Израел, Хутите гаѓаат западни бродови во Црвено Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ