четврток, 23 мај 2024

Бункерот на Мусолини во Рим – местото каде што планирал да се скрие, отворен за јавноста (ФОТО+ВИДЕО)

Во јуни 1940 година Италија влезе во Втората светска војна на страната на силите на Оската, а фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини нареди изградба на засолништа и бункери за себе во Вила Торлонија, неговата луксузна резиденција во Рим.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Биле изградени вкупно три подземни објекти за заштита на Мусолини и неговото семејство. Првиот – во 1940 година, бил адаптацијата на старата винарска визба на имотот на Вила Торлони.

Една година подоцна, било изградено засолниште од бомби во подрумот на Казино Нобиле, една од зградите на имотот. Просториите биле засилени со бетонски ѕидови со дебелина од 120 сантиметри, а бункерот имал посебна врата во случај на напад со гас, како и систем за вентилација за прочистување на воздухот.

Фото: ЕПА

Во меѓувреме, како што војната напредувала, Мусолини планирал да изгради оклопен подземен бункер пред Казино Нобиле. Шест метри под површината, изграден е во форма на крст со ходници долги 15 метри и широки два и пол метри, засилени со бетонски ѕидови дебели четири метри.

Фото: ЕПА

Изградбата почнала во декември 1942 година, а бункерот останал недовршен – немало херметички врати и систем за вентилација – кога италијанскиот диктатор бил уапсен на 25 јули 1943 година.

Бункерот првпат беше отворен за јавноста во 2006 година, но повторно беше затворен две години подоцна.

Фото: ЕПА

Во комплексот, покрај приказната за самиот бункер, на посетителите ќе им биде прикажана мултимедијална изложба за Рим за време на Втората светска војна, како и за серијата од 51 бомбардирање помеѓу јули 1943 и мај 1944 година. Особено смртоносно било бомбардирањето на предградието Сан Лоренцо во 1943 година, кога биле убиени повеќе од 3.000 цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ