четврток, 23 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Буневски од ЗНАМ: Пренамена на земјиште ќе биде можно само заради производство на храна

Професорот Ѓоко Буневски од Движењето ЗНАМ денеска на прес-конференција во Скопје промовираше дел од предлог мерките од „Прогласот за достоинствена Македонија“,кои се во рамки на нивната програма за земјоделство и производство на храна. Тој напомена дека имаат над 40 предлог мерки за подобрување на секторот за производство и преработка на храна. Како што рече, една од предлог мерките е воведување на забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

Објавено на

часот

Сподели

„Воведувањето на забрана за пренамена на земјоделското земјиште од прва до трета категорија треба да биде закон и пракса како што е во многу земји“, потенцира Буневски.

Тој напомена дека е потребно да се стави приоритет на доделување на земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странските инвеститори.

„Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделување на земјоделското земјиште. Капацитетот на една фарма е ограничен зависно од капацитетот на земјоделско земјиште“, додаде Буневски.

Третата предлог мерка е фокусирање на синџирот од нива до трпеза. Според Буневски, со форсирање на овој концепт кај фармерите кои имаат капацитет и интерес за негова примена, добиваат додадена вредност на секој произведен земјоделски сточарски производ, а профитот ќе оди кај фармерите.

Нивна предлог мерка е и субвенционирање на предадени земјоделски култури по загарантирана откупна цена, но и зголемување на субвенциите во земјоделството.

„Потребно е намалување, или пак можност за стопирање на напуштање на селото, нешто што е особено евидентно последните години со емиграција од село во град, и тоа со поголеми стимулирања на младите фармери, особено на жени фармерки, кои се стожерот на фамилијата и давање големи погодности за отворање бизнис во овие рурални средини“, рече Буневски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ