сабота, 27 јули 2024

Бундестагот одобри 7,6 милијарди евра од буџетот за Украина

Германскиот парламент го одобри буџетот за оваа година во рамки на кој 7,6 милијарди евра ќе бидат одвоени за воена помош на Украина, соопшти денес прес службата на Бундестагот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За нацрт буџетот гласаа 388 пратеници, додека 279 беа против.

Вкупниот буџет за оваа година е 476,8 милијарди евра, а новите позајмици во моментов изнесуваат 39 милијарди.

Германија на 31 јануари ѝ испрати нова воена помош на Украина.

Во пакетот има противвоздушни проектили, теренски возила и оклопни транспортери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ