сабота, 27 јули 2024

Булдожерот, донација од македонската влада, ги исчисти патиштата меѓу селата во Голо Брдо

Објавено на

часот

Сподели

„Административната единица Требиште на чие чело е администраторот Едмонд Османи, го ставија во употреба булдожерот дониран од Владата на Република Северна Македонија и започнаа со расчистување на снежните наноси на патиштата меѓу селата“, стои во објавата на амбасадата.

Премиерот Димитар Ковачевски на претставници на Требиште во август освен градежната машина за чистење на снегот им донираше и светилки за улично осветлување, во вредност од милион денари.

Како што тогаш кажа  Ковачевски, со тоа се реализирало уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците од оваа област со Владата и оти корист ќе имаат сите населени места.

Како што за МИА изјави Османи, со ангажирање на вработените во административната единица најпрво од големите наноси на снег исчистен е патот Требиште-граничен премин Џепиште, кај Дебар.

Потоа се продолжило со чистење на патиштата со кои другите населени места се поврзани со Требиште, седиште на административната единица.

Македонците во оваа област веќе три дена се без електрична енергија. 

                                                                                                                                                           МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ