сабота, 27 јули 2024
Зоран Дабиќ

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Од дипломатската торба

Бујар, време е да се каже збогум

Тажно е да се види кога еден министер, како што вчера беше случајот со Бујар Осман,и во одговор на Македонскиот дипломатски синдикат, во немоќ на немање аргументи, во своја одбрана посегнува по навреди и омаловажување на своите вработени.

Cиндикатите се само доброволни организации на вработените кои се самофинансираат од членарина и постојат заради заштита на работните права и ја водат вечната сизифовска борба за подобрување на економските, социјалните и професионалните стандарди во нивната област на делување. Тие немаат никаква институционална моќ, ниту пак се финансирани од државата. Можеби парадоксално, но токму тука лежи нивната сила, бидејќи го претставуваат гласот на вработениот, на основната клетка на секоја организација, кој што не сака да трпи неправди или непрофесионализам и кој се бори за подобро утре.

Во дилема сум дали би требале да бидеме среќни како општество што вработените преку своите синдикати се повеќе се охрабруваат да истапуваат јавно и да ги изнесуваат разните случаи на злоупотреба, корупција, непрофесионализам и шиканирање? Или пак, да бидеме крајно вознемирени дека ѓаволот дошол по свое и дека е догорено до нокти?

Османи во својата реакција на валкан начин и со целосно отсуство на дипломатски такт ги обвинува вработените за етничка хистерија и, замислете, „повраќање“ при спомнување на неговиот етникум! Да, баш така. Ни срам, ни перде. Со целосна неодговорност за можно провоцирање меѓуетнички немири. Притоа, со замена на тези, по кој знае кој пат става знак на еднаквост помеѓу целата албанска етничка заедница во Македонија и неговата партија ДУИ.

Извинете министре, ама немојте да ни ја потценувате интелигенцијата. Поминати се времињата кога за секоја неспособност или криминал некој можеше да се вади на етничка карта. При тоа, немате ниту збор во одговор за суштината на реакцијата на Синдикатот за прекршувањата на законите при именување на лица на високи функции во странство.

Својата реакција Османи ја завршува со закана дека (анти ДУИ) кампањата добива загрижувачки размери, како и дека е “време да се каже ДОСТА Е“  (Time to Say ENOUGH).

Целосно сум согласен дека е доста од неспособност и корупција, но неговата изјава би била поадекватна ако се коригира во „време е да се каже ЗБОГУМ“ (Time to Say GOODBYE) според незаборавната песна на Андреа Бочели и Сара Брајтман.

Кога една власт ќе отвори сезона на јавен отстрел на синдикатите и ќе почне да се заканува на вработени кои се борат за остварување на своите права, јасно е дека работата забегала малку повеќе. Тоа минатата недела беше случај со насилничкиот упад на кој укажа Синдикатот на М-НАВ, а Османи во своите изјави не пропушти да го изрелативизира и да му стави националистички предзнак, инсинуирајќи некакви злоупотреби од „злонамерни антиалбански центри и антиевропски центри“, дури безобразно нарекувајќи ги синдикалците на М-НАВ протагонисти во „предизборна кампања против ДУИ“!

Истата бедна реторика Османи ја користи и за дипломати од неговата куќа, односно дипломати во МНР, а сведоци сме на епидемија на вакви обвинувања и шиканирања и во МВР и во ред други државни институции.

Лажниот душебрижник и „бранител“ на својот етникум (нели сите Албанци биле ДУИ) свесно ги заборава раширениот клиентелизам, корупцијата, непотизмот, кронизмот (израз промовиран од странски дипломат) и максималната партизација на институциите (со фаворизирање на медиокритети со фалсификувани дипломи, како главна карактеристика на оваа власт), што патем се и главните причини за масовно бегање на младите во странство, заради неможноста за справување со мафијашките структури во партиите.

Се чини дека Османи го изгубил својот мир и самоконтрола. Тотално навлезен во валкана предизборна кампања, тој спадна на релативизирање на незаконските дејанија во МНР и М-НАВ и патетично плачење за некаков антиалбански заговор. Разочарувачки недипломатски и немоќно.

Time to Say Goodbye, Бујар. Game Over.

Амбасадор Зоран Дабиќ

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ