сабота, 19 октомври 2024

Бујар Османи како да се подготвува за кандидатура за претседател на државата (ВИДЕО)

На официјалниот фејсбук-профил на македонскиот министер за надворешни работи вчера беше објавен видео прилог за тоа како Бујар Османи пречекува ученици и им ги открива тајните на дипломатијата. Видео прилогот е квалитетно продуциран, очигледно со присуство на поголема телевизиска екипа која будно го следеше Османи како убаво се однесува со дечињата, како им објаснува, ги шета по министерството, ги поздравува и на крајот ги испраќа на скалите од зградата на МНР со високо крената десна рака. Како вистински претседател.

Објавено на

часот

Сподели

Името на Бујар Османи како можен кандидат на ДУИ за претседател на државата се спомена неколку пати. По вчерашното одбивање на претседателот на Македонија Стево Пендаровски да го потпише указот за новите измени во Законот за игра на среќа, проект цело време туркан од ДУИ, поточно од Артан Груби, се чини дека завршија плановите за можен заеднички кандидат за шеф на државата меѓи СДСМ и ДУИ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ