„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.
БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во Македонија за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец.
Информацијата дека осомничениот за убиството Љупчо Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Фото: МВР на Бугарија