недела, 20 октомври 2024

Бугарскиот претседател за резолуцијата на ОН за Сребреница: Колебливоста и непостојаноста на бугарската влада се непримерни

Претседателот Румен Радев ја коментираше денес бугарската позиција за резолуцијата на Обединетите нации за Сребреница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Непримерно е тоа што бугарската влада покажа колебање и непостојаност имајќи предвид дека сме коавтори на резолуцијата на ОН и од овој аспект сите факти и услови треба да бидат разјаснети“, истакна Радев.

Според протечени документи објавени од бугарските медиуми, во преписка меѓу техничкиот премиер Димитар Главчев и постојаната претставничка на Бугарија во Обединетите нации Лучезара Стоева, премиерот во последен момент побарал промена на позицијата на Бугарија пред гласањето на Генералното собрание за резолуцијата за Сребреница. Стоева наводно ги игнорирала инструкциите на Главчев, и Бугарија ја поддржа резолуцијата. Според бугарскиот портал Бирд, кој се повикува на неименувани извори, промената на владината позиција дошла по комуникација меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ Бојко Борисов.

Ова не се случува првпат, кажа шефот на бугарската држава. „Во мое присуство на Советот на ЕУ, Бугарија ја бранеше позицијата на правата на нашите сонародници во Република Македонија, кога го насочувавме вниманието на ЕУ токму на човековите права и нивното нарушување. Потоа дојде друга влада која реши да ја напушти таа позиција“, кажа Радев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ