сабота, 27 јули 2024
Украинската амбасада во Софија реагираше веднаш

Бугарскиот претседател ја нападна Украина: „Цела Европа плаќа за вас“

Објавено на

часот

Сподели

Украинската амбасада во Софија во саботата соопшти дека Киев ги прави сите можни напори да го врати мирот и го отфрли тврдењето на Радев дека снабдувањето со оружје на Украина ја разгорува и ја продолжува војната. Амбасадата истакна дека обвинувањето на Украина за војната, што го направи бугарскиот претседател, е дел од руската пропаганда и хибридната војна во Европа.

Во соопштението на амбасадата се тврди дека обезбедувањето одбранбена опрема на Украина не води до зголемување на бројот на жртвите, туку значи, како што се наведува, дека може да се спасат повеќе животи, пренесе АП.

Претседателот Радев изјави за новинарите во петокот на прес-конференцијата на која зборуваше за неодамнешниот самит на НАТО, дека сака „јасно да стави до знаење дека Украина инсистира да ја води оваа војна“. Радев истакна дека треба да биде јасно оти цела Европа ја плаќа сметката за тоа.

Бугарскиот премиер Николај Денков ги обвини Русија и рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина во петокот, откако Радев го обвини Киев за конфликтот.

Денков рече дека најбрзиот начин да се запре војната во Украина е Путин да ги повика руските трупи да се повлечат од украинските територии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ