среда, 15 јануари 2025

Бугарскиот претседател го покани Жељазков да формира влада, преговараа со месеци

Росен Жељазков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата пратеничка група, денеска ја прифати поканата на претседателот на државата за формирање влада, по предвремените избори во октомври 2024 година, седми во изминатите четири години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Жељазков беше предложен за мандатар од групата ГЕРБ-СДС. На претседателот Румен Радев му достави предлог за состав на својот кабинет, а Радев денеска на одобрување до парламентот ќе го достави Указот за избор на Железков за премиер на Бугарија. „Целта на нашите консултации беше да постигнеме поширок консензус. Направивме големи напори, понекогаш работејќи до доцните часови, за да ги постигнеме потребните компромиси и мошне потребниот договор“, рече Желјажков.

Предложени се тројца вицепремиери, Томислав Дончев од централно-десничарската партија ГЕРБ, Атанас Зафиров од Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Гроздан Караџов од партијата Има таков народ, како и 19 министри. Според овој предлог, коалицијата ГЕРБ-СДС ќе има 11 министри, БСП – Обединета левица ќе има пет претставници во владата, а популистичката Има таков народ четири.

Оваа одлука доаѓа по повеќемесечни преговори во кои лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов беше одбиен како кандидат да ја води владата. ГЕРБ освои најмногу гласови на изборите во октомври, околу 25 отсто, но не успеа да се договори за формирање влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ