сабота, 27 јули 2024

Бугарскиот парламент изгласа испраќање 100 оклопни транспортери во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот во Софија доцна синоќа со 148 гласа „за“ и 52 гласа „против“ го усвои владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина од почетокот на војната.

„Оваа опрема повеќе не ѝ е неопходна на Бугарија и може да биде сериозна поддршка за Украина во нејзината борба за зачувување на независноста и територијалниот интегритет, по неоправданата и неиспровоцирана агресија на Русија“, се наведува во одлуката на парламентот.

Оклопни возила од советско производство беа испорачани во 1980-тите во Бугарија, тогаш сојузник на Советскиот Сојуз во Варшавскиот пакт.

Бугарија, која влезе во НАТО во 2004 година, сè уште има залихи на оружје од советско производство и бројни фабрики кои произведуваат муниција за него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ