петок, 27 септември 2024

Бугарскиот парламент го осудува нарушувањето на дијалогот со Македонија, а повикува на заедничко празнување на празници

По изјавите на вицепремиерот Александар Николоски, во бугарскиот парламент вчера беше изгласана Декларација, за како што се вели, системско и методично нарушување на дијалогот помеѓу Македонија и Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Декларацијата е донесена на предлог на проруската партија Преродба.

Во трите точки од Декларацијата пишува: се повикува македонската Влада да ја изгради трасата од паневропскиот Коридор 8 на македонска територија, која води до Бугарија; се повикува на продолжување на прекинатиот дијалог и запирање на „антибугарската кампања и провокативни изјави“ во Македонија; се потврдува волјата на бугарската држава за организирање на заеднички историски настани и личности и несогласување со одрекувањето од заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членови на македонската Влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ