сабота, 27 јули 2024

Бугарскиот парламент донесе одлука за укинување на данокот на рускиот гас

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

Објавено на

часот

Сподели

И покрај прекините, поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандман со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја погодува рафинеријата Лукоил Нефтохим, пренесува бугарскиот портал Новините.

Дополнителниот данок на рускиот гас беше укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ